Индексот на индустриското производство во Република Македонија во ноември 2011 година, во однос на истиот месец лани бележи пад од 5,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, бележи пораст од 15,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 5,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во ноември на годишно ниво, бележи пораст кај Капитални производи за 70,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 отсто.

Кумулативно во периодот јануари – ноември 2011 година, во однос на истиот период лани индексот на индустриското производство бележи пораст од 4,1 отсто.

OhridNews