Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата ранг-листа на фудбалските репрезентации, на која Македонија назадуваше за една позиција и се наоѓа на 135. место.

Пред Македонија, благодарение на сензационалниот триумф над Унгарија пред два месеца, се наоѓа селекцијата на Андора (129.). Од европските селекции, Македонија е подобро рангирана само од Луксембург, Молдавија, Косово, Малта, Лихтенштајн, со кои „црвено-жолтите“ се во иста квалификациска група, односно Сан Марино и Гибралтар.

Другите противници во квалификациската група за пласман на СП во Русија ги задржаа позициите од претходното рангирање: Шпанија (11), Италија (12), Албанија (63), Израел (70).

Промени на ФИФА-листата има на врвот, каде што по еден месец се врати Бразил, пред Германија и Аргентина. Зад најдобрите три се Швајцарија и Полска, што е најдобар рејтинг на овие земји во репрезентативната историја.

OhridNews