Некогашниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал ги минува најтешките моменти низ кариерата. Тој на најновата АТП ранг листа има пад од четири мести и се наоѓа на седмата позиција.
Шпанскиот тенисер година дена се бори со повредите, а за тоа време ривалите од ТОП 10 напредуваа многу за разлика од Надал.
Леворакиот тенисер на оваа позиција последен пат се наоѓал во 2005 година, а неговото (трето) место го зазеде Енди Мареј.
Пред „кралот на земјата“ се наоѓаат Кеи Нишокори, Томас Бердрих, Милош Раониќ, Енди Мареј, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
ТОП 10 тенисерите ги комплетираат Давид Ферер (8), Станислас Вавринка (9) и десеттопласираниот Марин Чилиќ.
Мх.П.