По два меча без триумф, ГФК Охрид им се врати на победите остварувајќи рекордно висока победа во 19 коло од Втората лига.

Попладнево на СРЦ “Билјанини извори” Охрид до врв ја наполни мрежата на младата екипа на Победа Прилеп совладувајќи ја со 10:0.

Охриѓани по првиот дел водеа со 7:0. На полувреме домаќинот направи четири измени давајќи им можност на помладите играчи, откако во првото полувреме беше извршена една измена поради повреда.

Во вториот дел Охрид го смири темпото но младите играчи на Победа не го издржаа и тој ритам и во финишот на мечот примија уште три гола.

Охрид по високата победа остана на 1-то место на табелата со 43 бода. На второто место се проби Скопје (41) по победата над Осогово од 2:0 и ја прескокна Шкендија Арачиново која утре му гостува на Големо Коњари.

Г.М.