Со 78 гласа за, 34 против и три воздржани пратениците на косовското Собрание изгласаа недоверба на косовската влада. Барањето за гласање недоверба го поднесоа Иницијативата за Косово со поддршка од Алијансата за иднината на Косово и самоопределување.

Косовскиот премиер Иса Мустафа на почетокот на седницата рекол дека ова гласање е политичко, без аргументи и дека има за цел да ги сокрие поранешните коруптивни скандали.

Засега се шпекулира со 25 јуни како можен датум за предвремени парламентарни избори.

OhridNews
извор Макфакс