Студениот бран кој денеска ја зафати земјава донесе облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Дува умерен до засилен северен и северозападен ветер (на места над 70 км/ч). Во Маврово наврнале 4 сантиметри снег, а снежна покривка има и на планинскиот превој Стража и повисоките места во Западна Македонија.
Утре во претпладневните часови ќе има слаб локален дожд во источните делови, а попладне облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија.
Снегот предизвика сериозни проблеми на Балканот. Делови од Србија, БиХ и Црна Гора од ноќеска се под снег, а Далмација е зафатена од невреме проследено со силен ветер.
OhridNews
фото: „Макфакс“