Милиони корисници во северниот дел на САД, Европа и други делови од светот останаа без сервисите на најголемиот интернет пребарувач „Google“. Причина за тоа е пад на серверите на „Google“, кои започнаа синоќа околу 21 часот и траеја неколку часови.

Главна причина за падот се проблеми со сервисот „cloud“, преку кој функционираат бројни алатки на „Google“.

Од „Google“ се извинија на корисниците најавувајќи дека посветено ќе работат на отстранување на проблемот.

OhridNews