Сите обвинувања за допинг на ултимејт фајт борецот Мирко „Кро коп“ Филиповиќ паднаа во вода откако неговиот примерок е негативен.
Од епилогот најсреќен беше еден од најголемите спортисти во боречките вештини кои земаат се поголем замав во светот.
– Кога ќе се сетам како жив ме распнаа, сега сум пресреќен. Не можам и не сакам да ви кажам низ што поминав периодов чекајќи го резултатот од примерокот. На крајот добро е што се си дојде на свое место, но некои медиуми и луѓе што ми направија е срамота. – рече Филиповиќ.
Скандалот со наводниот позитивен резултат на допинг излезе неколку дена откако Хрватот ја обелодени одлуката дека се повлекува од рингот.
Ohridnews











