Пијан русин преживеал пад од осми кат врз автомобил паркиран пред зградата, соопштила полицијата во Сибир. Во соопштението било наведено дека жителот на рударскиот регион Кемерово, на западот на Сибир, паднал од терасата на стан на осмиот кат за време на кавга со својата девојка на забава со пријателите. Тој изјавил дека изгубил рамнотежа додека бил на терасата и панал врз автомобил марка Тојота паркиран под терасата.

Во соопштението било наведено ека човекот после падот успеал сам да стане на нозе. На автомобилот биле оштетени хаубата, браникот и фаровите. Очевидци кои го виделе човекот како паѓа повикале полиција. Бил префрлен во болница каде било констатирано дека е во задоволителна состојба.