Бандера на која се поврзани бројни кабли веќе една седмица лежи на споредниот пат кој води до неколкуте хотели што се наоѓаат на крајбрежјето во населбата Свети Стефан.
Според кажувањата на вработени во околните објекти бандерата била скапана и затоа се срушила и за среќа не повредила никого. Се апелира до надлежните што поскоро да преземат мерки и ја санираат или отстранат.
OhridNews
фото:Анета В. Јованоска