Димитри Пајет за кратко време од херој на Вест Хем стана најомразена личност во Лондон. Олимпик Марсеј по долги преговори успеа да најде заеднички јазик со „чеканите“ и да го „спаси“ францускиот репрезентативец.


Французинот после завршувањето на сапуницата отворено зборуваше за последниот месец поминат во Вест Хем.

– Менаџерот на Вест Хем, Билиќ има право на свое мислење, но јас не мора да се правдам, бидејќи секогаш стојам зад моите одлуки. – рече Пајет и додаде – Лошата ситуација во Лондон не беше недела дена туку многу повеќе. Мојата борба за „слобода“ од Вест Хем трае повеќе време, но околностите беа такви и немаше премногу помпа во медиумите.

 

Тој се осврна и на Олимпик Марсеј од каде пред 18 месеци се пресели во Премиер лигата. – Од стартот на лошата ситуација сакав да се вратам во Олимпик Марсеј. Затоа сакам да им се заблагодарам на сите инволвирани во моето враќање на Велодром. Многу ми се допаѓа проектот на Марсеј и ќе направам се со моите соиграчи да биде успешен. 

Незадоволствот во тимот на Вест Хем е големо. Клубот преку соопштение го нападна Пајет, а фан продавниците во Лондон нудат замена за дресовите со неговот име.

Крај на сапуницата, Пајет се врати Олимпик Марсеј

OhridNews