Францускиот репрезентативец, Дмитри Пајет за кратко време од херој стана душман и предавник во Вест Хем. Фудбалерот за врска прво одби да тренира со „чеканите“, а откако клубот го суспендираше побара трансфер кој Олимпик Марсеј го реализираше.


После два месеци Французинот ја отвори душата и проговори што точно се случуваше и зошто замина од Лондон.

– Не сакав да играм и да се борам за опстанок во Премиер лигата, а многу ми сметаше и начинот на кој игравме дефанзивно и кувачки. Менаџерот играше 5-4-1 формација, јас бев единствен позади шпицот и имав голема слобода, но немав со кого да играм и неможев да се истакнам на теренот. Поради формацијата и начинот на играње јас ги играв мечевите без некое задоволство. Кога сватив како стојат работите исконткатирав со Руди Гарсија тренерот на Олимпик Марсеј и одлучив да не губам нови шест месеци во Премиер лигата туку да одам во клуб кој ќе се бори за титулата. – изјави Пајет.

Одлуката за заминувањето од Вест Хем, Пајет ја донел по мечот со Хул кој „чеканите“ го добија со минимални 1-0. – После среќната победа против Хул на домашен терен сватив дека не припаѓам овде. Сите беа среќни иако гостите погодија четири стативи и имаа уште толку шанси да постигнат голови. Долго ме прогонуваше тој поглед од соблекувалните кој беше знак за разделба.

Пајет сакал да си замине во летниот преоден рок, но клубот и менаџерот спречиле трансфер веднаш, но шест месеци потоа мораа да го пуштат незадоволниот фудбалер кој се врати во Олимпик Марсеј.

OhridNews