Најдобриот играч на Вест Хем, Димитри Пајет одби да тренира и да игра за екипата и побара да биде ставен на трансфер листа.


Информацијата за незадоволството на Пајет во Вест Хем ја потврди менаџерот на „чеканите“, Славен Билиќ кој има се поголеми проблеми.

Францускиот репрезентативец во февруари минатата година потпиша нов и побогат договор, но и тоа не е му на помош на Вест Хем.

Ситуацијата на Пајет во Вест Хем будно ја следат премиерлигашите, односно Манчестер Јунајтед и Арсенал кои имаа и одредени контакти пред почетокот на сезоната.

„Чеканите“ по 20-ет одиграни мечеви во Премиер лигата се наоѓаат на 13-та позиција со 20 бодови негатива од местата на табелата кои водат во Европа.

OhridNews