Владата донесе пакет мерки за справување со последиците од врнежите и поплавите што ја зафатија земјава, информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Министерството за одбрана, односно за внатрешни работи, се задолжени да ги стават на располагање хеликоптерите, чамците и сета останата опрема за помош на населението во најктритичните места.
Донесени се и специјални мерки на дејствување на медицинските служби, однсоно препораки до населението во насока на заштита на здравјето.
„Граѓаните од загрозените региони со поплава, на бројот на Итната медицинска помош 194, да ги пријават своите потреби за помош во лекови и медицински персонал. Населението од местата кои се зафатени од поплави, а се снабдуваат со вода од бунари и локални извори, да не ја користат истата за пиење. Се задолжуваат Јавните претпријатија за водоснабдување да ги зголемат контролите на бактериолошка и хемиска исправност на водата. “ – вели Ѓорѓиев.
Исто така, директорите на здравствените домови во чии рамки е организирана Итна медицинска помош, треба да ја зголемат приправноста на екипите, а Министерството за здравство во делот болничката дејност ќе преземе соодветни мерки за преземање и згрижување на сите болни кои имаат потреба од болничко лекување.
OhridNews












