Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“ што се одржа вчера вечерта ги стопли срцата на најмладите и ја збогати понудата за охриѓани и гостите.

Забава, дружење, но и пакетчиња имаше буквало за сите дечиња кои дојдоа вечерта, а дел од нив и активно учествуваа во програмата. Бројните присутни на градскиот плоштад ги поздрави и градоначалникот на Општин Охрид Кирил Пецаков.

„Пакетчиња за сите дечиња“ ги стопли срцата на најмладите

Преку две илјади пакетчиња беа поделени во Охрид, a во акцијата беа опфатени и дечињата од околните градови Ресен, Кичево, Струга, Македонски Брод….

Ова е трета година по ред како се организира акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“ и досега во изминатите две години биле собрани и поделени 8,5 илјади пакетчиња, а со годинешните ќе се помине бројката од преку 10 илјади.

Н.С.Ј.