По завршување на борбата на векот се појавија шпекулации дека поразениот Мени Паквајо против Флој Медвејдер боксувал со повредено рамо.


Филипенецот претрпе пораз на поени, но пред стартот на мечот примил инекции за намалување на болката на десното рамо.

Тој во најавата на борбата официјално не ја пријавил повредата туку тоа го направил до анти-допинг комисијата, која овозможила соодветен третман.

– Помислив и да се откажам по третата рунда кога имав страшни болки во рамото. После таа рунда неможев исто да ги користам двете раце. – рече Паквајо.

Повредата на Паквајо ја потврди и неговиот менаџер, но веднаш потенцираше дека таа не била причина за неуспех во најбогатата борба во историјата на боксот.

Повеќе гламур отколку бокс во борбата на векот (фотогалерија).

Мејведер го совлада Паквајо во боксерскиот спектакл.

Мх.П.