Клубот од Сицилија, Палермо одредувајќи ја цената за Илија Несторовски на трансфер пазарот ги направи првите подготовки за негово заминување.
Првиот човек на Палермо, Зампарини вредноста односно „слободата“ на Несторовски ја процени 20 милиони евра.
Со седумте голови во Серија А, македонскиот репрезентативец за кратко време успеа да го привлече вниманието од посилните и поквалитетни екипи.
Прва екипа која покажа интерес за Несторовски беше Наполи. Според италијанските медиумите „азурите“, Македонецот сакаат да го ангажираат уште во зимскиот преоден рок поради тешката повреда на Милик на кој му настрада коленото.
Инаку, Несторовски во „калчо“ лигата се пресели за 500 000 евра од хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.
OhridNews