Екипата на Палермо успеа да остане непоразена на Сан Паоло ремизирајќи 1-1 со тимот на Наполи во 22-та рунда од италијанскиот шампион.
Водечкиот погодок за Палермо кој беше доволен за реми го постигна Илија Несторовски во 6-та минута од натпреварот. Реми за „азурите“ донесе Мертенс, а Наполи пропушти неколку одлични прилики за втор погодок.
За Несторовски ова е осми погодок во Серија А, а натпреварот од првата минута го започна и Александар Трајковски.
Резултати: Торино – Аталанта 1-1, Каљари – Болоња 1-1, Кротоне – Емполи 4-1, Фиорентина – Џенова 3-3, Сампдорија – Рома 3-2, Сасуоло – Јувентус 0-2, Наполи – Палермо 1-1.
Табела: Јувентус 51, Рома 47, Наполи 45, Интер 42, Лацио 40…
OhridNews