Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одново донесе радост за навивачите на Палермо постигнувајќи го единствениот погодок за екипата во минималната победа над Кротоне (1-0).
Голгетерот на Палермо решавачкиот погодок го постигна во 27-та минута на натпреварот по една комбинација со Карлос Ембало во казнетиот простор.
За Несторовски ова е деветти погодок во Сериј А, а сицијалијанскиот тим стигна до првата победа на домашен терен.
Со триумфот во дербито на дното, Палермо го прескокна Кротоне на табелата и се доближи на осум бодови од Емполи кој се наоѓа на 17-та позиција.
OhridNews