Екипата на Парма после шест години повторно ќе биде дел од елитното фудбалско друштво во Италија, откако во фото финишот во Серија Б заврши на втората позиција на табелата.

Парма победи со 2-0 на гостински терен кај Специја, а коцките и се поклопија со ремито на Фросиноне 2-2 на домашен терен со Фоџа. Покрај „млекарите“ во Серија А кам бек обезбедија фудбалерите на Емполи, а отпаднаа Новара, Про Верчели и Тернана.

Фросиноне, Палермо во кој настапуваат македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски, Венеција, Бари, Цитадела и Перуџа ќе играат плејоф за последниот патник во Серија А.

Парма пред шест сезони банкротираше и Фудбалската федерација на Италија ја пресели во најнизок ранг, а клубот покажа дека има нешто во магично во него и за шест години успеа повторно да биде дел од елитата.

OhridNews