Во бразилската пресметка на Светскот клупско првенство што се игра во САД, Палмеирас со 1:0 го совлада Ботафого, а Челзи во луд меч што траеше 5 часа ја елиминира Бенфика за која последен пат настапи Анхел Ди Мариа кој во следната сезона ќе настапува за Росарио во аргентинското првенство.
Се играше 86 минута од натпреварот кога судијата Славко Винчиќ при водство од 1:0 за Челзи го прекина натпреварот поради можно невреме и ги испрати играчите на принуден одмор кој траеше цели 2 часа. По враќањето на теренот, длабоко во судиското продолжение, со поош на ВАР беше досуден пенал за Бенфика кој во израмнување го претвори Ди Мариа.
Во продолжението Челзи постигна уште три гола, а Бенфика мечот го заврши со 10 играчи.
Елиминациите на СП продолжуват денеска со уште две средби. ПСЖ се среќава со Интер Мајами, а Фламего ќе се соочи со Баерн Минхен.
Г.М.