Екипата на Рома на сред сезона ги промени тренерот Еузебио ди Франческо и спортскиот директор Мончи, откако клубот не бележеше резултати според очекувањата. Ди Франческо ја плати цената за слабите резултати, а Мончи за лошата трансфер политика во текот на зимскиот и летниот преодни рокови. Претседателот на Рома, Џејмс Палота смета дека згрешил кога му пружил голема доверба на Мончи кој се` уште е еден од највлијателните работници во фудбалот.

Потрошив многу пари да го доведам. Му ги дадов клучевите од клубот, шанса да работи како сака. Донесе тренер кој го сакаше, соработници, играчи едноставно се` сам си бираше. Но нашите резултатите покажуваат дека тој не донесол добри одлуки, а исто и јас што му пружив толкава доверба и моќта која му ја дадов. На лош пат сме да завршиме надвор од првите четири екипи во Серија А и подолго време да не бидеме дел од ЛШ. – изјави Палота.

Тренерската палка на Олимпико ја презеде Клаудио Раниери, а позицијата на Мончи се` уште е празна. Низ италијанските медиуми се шпекулира со името на клупската легенда Франческо Тоти. Навивачите со воодушевување ја прифатија информацијата, но за сега нема ништо конкретно.

OhridNews