Некогашниот секс симбол Памела Андерсон била исфрлена од шоуто „Танц на мраз“, а многумина веруваат дека судиите таа одлука ја донеле поради малерот со нејзиниот фустан од кој во еден момент и испаднале градите.

Атрактивната русокоса одбила улога во филмот „Чуварите на плажата“, бидејќи не сакала да глуми нечија мајка, иако е свесна дека има премногу години за повторно да трча по песокот во тесниот црвен костим. Таа порачала дека смета како филмот ќе ја наруши одличната серија. Освен тоа рекла дека не сака да глуми нечија мајка, така да во улогата на Си Џеј ќе гледаме некоја друга актерка.