Многумина не ги сакаат чадорите. Тие повеќе сметаат отколку што користат. Кога ќе помислите дека ќе врне, често цел ден не заврнува. Цел ден го влечкате со себе, а често и ќе го заборавите, па мора да се враќате по него.


Но за среќа измислен е посебен чадор. Тој самиот знае кога треба да го земете со себе. Ако се спрема дожд или снег, неговата дршка ќе засвети.


Коко тоа му успева?
Едноставно, тој не е само чадор туку и терминал поврзан со веб страницата AccuWeather.com и така благовремено го известува својот сопственик за временските промени. Чадорот може да предвиди дожд, магла, снег и олуја, а посебната конструкција го прави отпорен на ударите од ветрот.

Цената на овој чадор изнесува 125 долари.