Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не е омилен помеѓу навивачите на Лацио, откако одлучи да си замине од клубот по несогласувањањата со првиот човек Клаудио Лотито. Пандев не играше воопшто шест месеци и како слободен фудбалер во зимскиот преоден рок премина во Интер.

Пандев на свирежите на Олимпико возврати со погодок кој го прослави и уште повеќе ги налути „лацијалите“ кои го претрпеа вториот пораз во серија во „калчо“ лигата.

– Лацио како клуб ми даде шанса да станам ова што сум денес. Секогаш кога носев дресот на Лацио го давав најдоброто од себе. Јас сега сум дел од Џенова и исто така гледам да го дадам максимумот. Што се однесува до мечот заслуживме да победиме, бидејќи ги остваривме сите задачи на теренот после деталните анализи кои ги направивме. – изјави Пандев.

Џенова со победата побегна од опасната зона и драстично ги зголеми шансите за опстанок во Серија А.

Пандев стрелец за Џенова во триумфот над Лацио (видео)

OhridNews