Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, со изјава за веб сајтот на Фудбалската федерација на Македонија, се огласи за последните случувања околу неговиот статус.

Во изјавата се вели “ Во врска со последните написи во дел од медиумите кои очигледно се пристрасни и со цел да внесат немир кај мене, како капитен и во националниот тим во целост би сакал во оваа прилика да им порачам да го остават Горан Пандев на мира и да не ја рушат атмосферата која се враќа во репрезентацијата по слабите квалификациски резултати со доаѓањето на селекторот Тошак на кормилото. Тие исти „душегрижници” ги повикувам да помогнат , а не само да внесуваат негативна атмосфера во националниот тим.
Јас сум веќе 50 дена повреден па доаѓам и се јавувам во репрезентацијата на повик на селекторот оставајќи дома бремена сопруга која требаше во секој момент да се породи… Сигурно јас многу повеќе сум направил за Македонија отколку некои што се преокупирани само со Пандев и Пандев и пак Пандев, ама тие луѓе не можат ништо да ми одземат од тоа што сум го постигнал во мојата кариера и што сум дал за репрезентацијата. Камо да беа сите „предавници” како Горан Пандев ќе беше многу подобро, вели Пандев.
Ohridnews