Фудбалерот на Баерн Минхен, Марио Гомез од наредната сезона ќе биде нов соиграч на Горан Пандев во Наполи пренесуваат италијанските медиуми.


По доаѓањето на хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ на Алијанц Арената, Гомез стана втор избор во нападот, што се појави незадоволството кај фудбалерот. Тој сезонава најави дека сака да игра во клуб каде ќе биде стандарден и каде може да му помогни за освојување на титулата.

Со евентуалниот ангажман на Гомез, се отвора голема шанса за трансфер на Едисон Кавани, за кој се заинтересирани Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.

Мх.П.