– Победите се добри за сите нас, последните неколку натпревари не се одвиваа онака како што посакувавме, но дојдовме на Светското Клупско Првенство за да одиграме добро.– вели Горан Пандев кој одигра солидни 90 минути за Интер во полуфиналната победа над Сеонгам со 3-0.


Противник на Интер во финалето ќе биде афричкиот првак Мазембе кој изненадувачки го совлада бразилскиот Интернасионал и стана првата екипа од црниот континет која се пласираше во финалето на светското клупско првенство. 

Пандев не е преокупиран со тоа дали ќе ја затресе противничката мрежа, и останува фокусиран на тимската игра. – Она што е најважно е успехот на тимот. Играме на наш начин, работиме заедно. Си помагаме едни на други, и кога го правиме тоа ние сме одличен тим. – потенцираше Пандев,

Финалниот натпревар се игра во сабота во 18 часот.

М.П.