Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев е херој на Џенова во „лудата“ победа (4-3) против Перуџа во Купот на Италија.


Пандев, прво погоди за (2-0) во 37-та минута, но неговата екипа го прокоцка водството во продолжението од натпреварот.


Во продолжението, Пандев во 100-та минута донесе нова предност (3-2) за својата екипа и го најави пласманот во следната фаза.


До 120-та минута, Џенова погоди уште еднаш, а Перуџа со гол во финишот го заокружи најдобриот меч во оваа фаза од Купот.

OhridNews