Македонскиот интернационалец Горан Пандев има пред договор со Џенова, а со трансфер во истиот клуб се поврзува и Давид Бабунски член на Б тимот на Барселона.
Новопечениот македонски репрезентативец е дел од школата на Барселона „Ла Масија“, но тој најверојатно ќе мине една сезона на позајмица што е практика на каталонскиот клуб.
Покрај тимот на Џенова интерес за услугите на Бабунски пројавиле калчолигашите Сампдорија, Фиорентина и Сасуоли.
Ohridnews