Горан Пандев и екипата на Џенова ги завршија мечевите во Купот на Италија откако претрпеа пораз од Алесандрија 2-1 по продолженија.
Џенова во регуларниот дел од мечот се извлече од пораз во 90-та минута, но гостите фаталниот удар му го зададоа во продолжението.
Горан Пандев настапи помалку од еден час на мечот кој што побргу ќе треба да го заборават неговите соиграчи.
Покрај аматерскиот тим пласман во четвртфиналето обезбеди и Интер кој пред своите гледачи со 3-0 го совлада составот на Каљари.
Ohridnews











