Македонскиот интренационалец Горан Пандев заедно со селекторот на “црвено жолтите“ Џон Тошак гласаа во изборот за најдобар фудбалер во 2011година. Предводникот на македонската репрезентација гласаше “другарски“ давајќи ги гласовите за поранешните соиграчи од боите на Интер. 

Пет бодови Пандев му додели на камерунскиот напаѓач Самуел Ето, три на “везистот“ од Холандија, Весли Снајдер  а еден на Ерик Абидал од Барселона. “Петката“ кај тренерите му ја подари на Хозе Мурињо, три отидоа на сметка на Хозеп Гвардиола додека еден заработи Винсент Дел Боске.

Велшенацот на македонската клупа во изборот на фудбалери пет бодови му даде на Чави Хернандез од Барселона, три на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид додека последниот бод му припадна на Самуел Ето.  Во својата професија Тошак за најдобар го смета стратегот на Барса, Гвардиола давајќи му пет бодови, Мурињо заработи три додека еден доби шпанецот Винсент Дел Боске.

Во гласењето капитенот на македонската репрезентација и селекторот го немаат вметнато најдобриот фудбалер во последниве две години Лионел Меси. Завршната церемонија се одржува во Цирих на 9 јануари 2012 година.

Ohridnews