Пријателскиот натпревар со Данска ќе биде последен тест пред двата квалификациски дуели со селекцијата на Белгија. Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев лечи стара повреда на задната ложа, но тој од Италија порача дека ќе игра по секоја цена против поранешниот Европски првак.


– Повредата и натаму не ми е целосно залечена, но сега е незгодно време да се паузира. Потребен му сум на мојата држава и на мојот тим Наполи во борбата за титулата во Италија. Ќе стиснам заби и ќе настапам на мечот со Данска во Скопје –
порача капитенот, Пандев.

Поради повредата Пандев пропушти неколку натпревари на почетокот од Серија А, а неговата екипа Наполи сериозно ја загрози првата позиција на Јувентус во калчо лигата.

Мх.П.