Фудбалерите на Џенова освоија три значајни бодови на дуелот со СПАЛ победувајќи го ривалот со 2-0. Клучна улога во триумфот на Џенова одигра Горан Пандев. Македонскиот репрезентативец со маестрален погодок го отвори резултатот, а индирекно асистираше за вториот. Пандев беше фаулиран а од слободниот удар мрежата на гостите ја погоди Ласе Шоне.

Нов голгетерски учинок имаше и Енис Барди. Но неговиот погодок овој пат беше само да го ублажи поразот на Леванте на средбата со Атлетик Билбао (1-2).

 

OhridNews