Англискиот премиерлигаш Евертон е најновата екипа, која се поврзува со македонскиот интернационалец Горан Пандев.
Пандев се „разбуди“ и почна да ги тресе противничките мрежи во дресот од Галатасарај, но покрај тоа тој е мета на неколку клубови.
Претходно се шпекулираше за Сампдорија и Фиорентина, а сега во трката за Пандев се приклучија Џенова и Евертон.
Пандев истакна дека сака да се бори во турскиот тим и се гледа тука до крајот на договорот.
Мх.П.