Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев во дресот на Наполи му преостануваат уште шест месеци од договорот а веќе се “шушка“ за неговата иднина. На крајот од сезоната челниците на Наполи и поранешниот клуб на Пандев, Интер треба да се сретнат и да решат што понатаму со македонскиот ас.


Заврши љубовта помеѓу Интер и Пандев.

–  Ќе останам во Наполи или ќе се преселам во странство, нема да се вратам во Интер –  истакна Пандев.

Како следна дестинација за Пандев се наведува “Ла Лига“, а најгласни се шпекулациите за Севиља.


Имам аспирација да играм во Шпанија, a знам дека Севиља е заинтересирана за моите услуги – заврши македонскиот интернационалец во дресот на Наполи, Горан Пандев.

 Мх.П.