Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, откако се пресели во Наполи нема добиено  вистинска прилика да ги покаже квалитетите кои ги поседува. Валтер Мацари тренерот на “наполитанците“ повеќе му верува на Лавеци, Кавани и Хамшик отколку на Пандев,  и се почесто мечот го започнува на клупата за резерви.


Пандев поради повреда беше надвор од тренажен процес две недели, со очекува македонецот на натпреварот со Парма на домашен терен да го предводи нападот на “наполитанците“.

Навивачите на Наполи ќе го видат вистинскиот Горан Пандев, влегувањето во форма особено на физички план ми е приоритет. Жалам што е не сум “топ“ но има такви периоди во кариерата – истакна капитенот на “црвено жолтите“ Горан Пандев.


Наполи со десет бодови од пет натпревари се наоѓа на третата позиција еден бод зад второпласираниот Удинезе и лидерот на табелата во Серија А, Јувентус. Избраниците на Мацари в сабота во Неaпол ја пречекуваат Парма во рамките на шестото коло.

Мх.П.