Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше инспиратор на триумфот на Наполи против Џенова 2-0 во 31-та рунда од “калчо лигата“. Пандев го отвори резултатот, а во текот на натпреварот Пандев царуваше на теренот.

– Се додека победуваме не ми е важна бројката за постигнати голови. Статистиката не секогаш го отсликува придонесот на еден фудбалер за тимот. Најважно беше да победи против Џенова, ние го направивме тоа. Секако дека сум среќен за постигнатиот погодок, но победата за екипата секогаш е мој прв избор – рече Пандев.

Во наредната 32 рунда “азурите“ во Серија А ги очекува дерби пресметка на Сан Сиро против третопласираниот Милан.

Мх.П.