Македонскиот интернационалец Горан Пандев ги негираше гласините околу неговото враќање во Серија А.


Пред стартот на сезоната Пандев го засили Галатасарај и покрај лошиот почеток екс репрезентативецот се гледа таму во иднина.

Вистинското лице Македонецот го покажа во турскиот Куп каде постигна три погодоци во едно полувреме.

– Имав проблеми на почетокот, но со тек на време се аклиматизирав во екипата и стилот на живеење тука во Турција. Имам уште од договорот со овој клуб затоа се гледам тука и во иднина – рече Пандев.

Мх.П.