Македонскиот интернациоанелец Горан Пандев нема по добро да го памети враќањето на Олимпико и дуелот со поранешниот клуб Лацио кој Џенова го загуби 2-0.
Пандев одигра солиден натпревар, но дамка на неговиот настап остави црвениот картон во 85-та минута кога со лакто удри противнички играч.
Главниот судија Рицоли го забележа стартот кој беше ненамерен, но крајно опасен и го испрати Пандев пред време во соблекувалните.
Џенова натпреварот во Рим го заврши со девет фудбалери. Претходно исклучен беше Иса Сисоко поради два недозволени стартови.
Екипата на Пандев со една победа во четири натпревари се наоѓа на 17-та позиција што е една погоре од опасната зона во калчо лигата.
Мх.П.











