Голгетерскиот пост за Горан Пандев продолжи во дресот на Галатасарај откако не успеа да реализира удар од белата точка.
Пандев имаше можност во осмата минута да го постигне првиот погодок за турскиот гигант, но гостинскиот голман успеа да му го скроти шутот.
Подоцна македонскиот интернационалец изнуди најстрога казна, но тој не ја презеде одговорноста.
По првиот дел Пандев беше повлечен од игра и заменет со Брума.
Мх.П.