Со две асистенции македонскиот репрезентативец Горан Пандев му помогна Едисон Кавани да постигне хет трик и донесе триумф над Интер 3-1. Затоа Пандев според “Goal.com“ е втор играч на натпреварот по трикратниот стрелец Кавани.


Интернет порталот Пандев за мечот со Интер го опишува дека не го совладале емоциите против својот поранешен клуб,  оти секогаш бил на правото место во нападот и несебично го проигрувала Кавани.

Сезонава капитенот на “црвено жолтите“ постигна шест погодоци и имаше неколку клучни асистенции во победите на Наполи.

Мх.П.