Македонскиот интернационалец Горан Пандев одново беше стрелец за Галатасарај во купот на Турција.
Тој во 31-та минута го постигна првиот погодок за екипата во убедливата победа 4-1 над Дијарбакир.
Покрај поранешниот репрезентативецот во листата на стрелци се запишаа Брума, Адин Олчан и Јекта Куртулус.
Пред недела дена Пандев во купот на Турција реализираше три погодоци за едно полувреме и ги смири страстите по неговата слаба форма на стартот од сезоната.
Мх.П.