Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев уште еднаш демантираше дека ќе го напушти Лацио и ќе се пресели во Баерн Минхен или во некој тим од Англија.

Во интервју за Скај Италија, Пандев изјави дека сака да го изработи својот договор со Лацио до крај (2010г.) „Дали тоа ќе испадне така не зависи само од мене туку и од мојот сегашен клуб”, рече Пандев.

Пандев демантираше дека преговарал со друг клуб,  но вели дека е убаво  да се слушне дека големи клубови се интересираат за него. Сепак моите амбиции се врзани за Лацио, изјави Пандев. „Во Рим се чувствувам прекрасно, наскоро очекувам да добијам и италијански пасош и затоа сакам да останам во Италија”, вели во интервјуто за Скај Италија, Пандев

Ohridnews