Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев стигна до четвртиот трофеј во Купот на Италија. “Азурите“ во финалето на Олимпико го совладаа шампионот во Серија А, Јувентус.


– Ја оставивме душата на теренот за да стигнеме до пехарот во Купот на Италија. За мене ова е четврти и најдраг златен медал од сите до сега кој сум ги освојувал. Сакам да и честитам на целата екипа, бидејќи ние сме првиот тим кој го победи Јувентус сезонава – заврши “гранде“ Пандев.

Нижењето на златните медали од Купот на Италија, Пандев ја започна со Лацио, следуваа два со Интер и сега последниот со Наполи.

Мх.П.