Горан Пандев вечерва (18 часот) ќе има неповторлива можност да застане рамо до рамо со македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски доколку со европскиот првак Интер го совлада африканскиот шампион Мазембе од Конго.


Интер за влез во финалето го совлада со 3-0 азискиот првак Сеонгнам од Јужна Кореја,додека Мазембе го елиминираше бразилскиот Интернасионал.

Панчев и Најдоски во 1991 година станаа светски клупски прваци играјќи за Црвена звезда, тогашен европски првак. Панчев беше стрелец на еден гол во победата на белграѓани со 3-0 над тогашниот јужноамерикански шампион Коло коло од Чиле.

Тој меч се одигра во Токио (Јапонија), а двата пехара (едниот од ФИФА, другиот од спонзорот Тојота) за победникот ги подигнаа токму Најдоски (заменик-капитен, по исклучувањето во 41. минута од финалето на капитенот Дејан Савиќевиќ) и Панчев.     

Ohridnews