Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Горан Пандев не се прослави на дуелот со Аталанта, во која “азурите“ претрпеа пораз од 3-1. Се играше 70-та минута од мечот, кога Пандев заработи директен црвен картон, прв за него во кариерата на “чизмата“.

Јувентус се врати на врвот, откако на домашен терен го совлада Лацио со 2-1. Херој на “бјанко нерите“ е Алесандро Дел Пиеро кој беше стрелец на победничкиот погодок во 82-та минута од мечот.

Резултати : Јувентус –  Лацио 3-1, Рома – Удинезе 3-1, Наполи – Аталанта 1-3, Интер – Сиена 2-1, Катанија – Лече 1-2, Фиорентина – Палермо 0-0, Џенова – Чезена 0-0, Парма – Новара 2-0.

Мх.П.