Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска треба да им се приклучи на подготовките на селекцијата за мечот в сабота против Ирска во Даблин. Пандев кој игра во одлична форма на последниот меч против Лече беше заменет во 72 минута поради повреда.


– Пандев доаѓа повреден но се уште на знаеме од каков тип е неговата повреда и колку време ќе му треба за рехабилитација. Откако ке дојде ќе ги направиме неопходните медицински прегледи и ќе знаеме на што сме, велат од стручниот штаб на македонската репрезентација.

Македонската експедиција денес треба да се комплетира и во полн состав тактички да го уигра комбинациите за мечот против Ирците.

Мх.П.