Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го промовираше капитенот на А селекцијата Горан Пандев за амбасадор на финалниот натпреварот во Супер купот кој ќе се одигра на 8 август во Скопје.

Ребрендираната национална арена „Телеком“ ќе ги пречека годинашните победници во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Сега веќе официјалниот амбасадор на најголемиот спортски настан во Македонија, Пандев ги откри кои екипи ги посакува да допатуваат во нашата земја.

– Најпрво да се заблагодарам за довербата од ФФМ која ми ја додели да бидам амбасадор и промотер на еден ваков спектакл. На сите треба да ни биде гордост што во нашата земја ќе се одржи натпревар од светски рамки. Јас лично посакувам да дојдат Манчестер Јунајтед како победник од Лигата на Европа и Јувентус или Барселона како победник од Лигата на Шампиони. – изјави Пандев. 


„Гранде Пандев“ како што го нарекуваат италијаните има учество во Супер купот 2010 година кога неговиот тим претрпе пораз од Атлетико Мадрид.

Фото: Екипа.мк
OhridNews