Македонскиот интернационалец во редовите на Џенова, Горан Пандев ќе се врати на терените во Серија А откако комплетно се опорави од повредата.


Пандев настапи и успеа да се запише во листата на стрелци на контролниот натпревар кој неговата екипа го одигра и доби со 6-1 против нисколигашот Арма.

Македонецот поради повредата ги пропушти и мечевите на репрезентацијата откако јавно обелодени дека се враќа во националниот дрес.

Гасперини тренерот на Џенова можеби ќе го искористи веднаш Пандев и ќе го започне мечот со Сасуолов в недела во 15 часот.

Ohridnews